По повод 15-ти Октомври – денот на белиот стап, Националната спортска федерација на слепите на Македонија во соработка со Националниот сојуз на слепите на Република Македонија од 09-12.10.2015 година, го одржа Државното првенство во гол-бал за слепи и слабовидни лица на Македонија за 2015 година.

Државното првенство во гол-бал за слепи и слабовидни лица на Македонија за 2015 година се одржа во Спортската сала на Средното Општинско Училиште „Св.Кирил и Методиј“ во Општина Неготино, во соработка и со огромна поддршка на градоначалникот на Општина Неготино г-дин Ванчо Апостолов.
Се натпреваруваа квалификувани екипи од одржаните регионални натпревари од 8 градови од државата меѓу кои и екипа од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.
Најдобрите три екипи на Државното првенство во гол-бал за слепи и слабовидни лица на Македонија за 2015 година се:
Здружението на слепи лица – КАВАДАРЦИ – прво место
Здружението на слепи лица – БИТОЛА – второ место
Здружението на слепи лица – ОХРИД – трето место
Им честитаме на екипите за постигнатиот успех на Државното првенство во гол-бал за слепи и слабовидни лица на Макеоднија за 2015 година.