Во организација на Националната спортска федерација на слепи и НССРСМ, викендов во Неготино се оддржа државното првенство во голбал за 2022 година.
Натпреварите поминаа во одличен тимски дух и пријателска атмосфера, а НСФРСМ и НССРСМ уште еднаш беа на висина на задачата и бевме сведоци на беспрекорна организација.
Екипата на Битола е државен првак за 2022 година, а конечниот пласман на останатите екипи изгледа вака.
1. Битола;
2. Феникс од Скопје;
3. Прилеп;
4. Кавадарци;
5. Скопје;
6. Струмица.
Од НСФСРСМ изјавија дека следува богат спортски период и активности за кои јавноста ќе биде вклучена и информирана како и секогаш.