Панорама од манастирот Св. Јоаким Осоговски

Годинава, по речиси две години пауза, активот на жени при Здружението на слепи и лица со оштетен вид на Град Скопје успеа да ја реализира оваа активност што е во рамките на своите програмски активности. Еднодневниот излет за своите членови одлучи да го реализира во манастирот Св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка. Излетот се одржа на 01.07.2021 г. Поаѓањето беше во 08:30 часот од пред зградата на Здружението.
Превозот за членовите беше бесплатно организиран (со еден автобус на ЈСП Скопје), за што многу им благодариме. Голема благодарност сакаме да изразиме и до одделението за детска и социјална заштита при Собрание на Град Скопје, коешто даде голем придонес во организацијата на превозот за овој излет.

 

На излетот присуствуваа околу 20-ина членови и секретарот на Здружението.
Свети Јоаким Осоговски или Осоговскиот манастир е манастир на околу 3 км североисточно од Општина Крива Паланка, во прегратките на дабовата шума на Осоговските Планини. Посветен е на пустиножителот и чудотворец св. Јоаким Осоговски. Монакињата на овој манастирски комплекс не пречека и не воведе во тајните и историјата на овој манастир. До манастирот има пристапна инфраструктура, асфалтен пат, но низ манастирот има многу скали, па на некои од членовите им беше отежнат пристапот. На отворениот простор под летниковците имаше доволно место за да ги собере сите присутни членови за убава дружба по пандемијата.

 

фотографија од дел од членовите кои беа на посета на манастирот

Нашите членови беа сместени во удобните услови кои ги овозможува природата на месноста. Временските услови беа благонаклонети и во наша полза, па членовите можеа да уживаат во прошетките. Сите присутни дадоа придонес во целокупната позитивна атмосфера.
Елена Ѓурчиноска