Отварање на шаховскиот турнир, почеток на играта

Нашата членка, Здружението на слепи лица на Град Неготино, ни испрати соопштение до јавноста за нивна неодамна спроведена активност, коешто ви го проследуваме во целост во продолжение.
Здружението на слепи лица на Град Неготино заедно со Спортскиот Клуб на слепи и слабовидни лица „Луј Брај — Неготино“, на ден 23.06.2021 г. (среда), одржаа пријателски шаховски турнир на слепи и слабовидни лица. На турнирот земаа учество екипата од Неготино, како домаќин, и екипата од Спортскиот клуб од Кавадарци, а покана имаа и Здруженијата од Кочани и Струмица, коишто од оправдани причини не можеа да присуствуваат на овој пријателски шаховски турнир.
Шаховскиот турнир се одржа во просториите на Здружението на слепи лица на град Неготино. Тој беше отворен од страна на Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино, Тони Караев, и Делегатот на Спортскиот Клуб од Неготино, Пане Бојаџиев. На крајот од овој пријателски шаховски турнир на Спортскиот Клуб од Кавадарци им беше доделена благодарница.

 

Делегатот на Спортскиот клуб ЛУЈ БРАЈ Неготино му доделува благодарница на претседателот на Кавадарци

 

Групна слика на членови во дворот на Здружението