Лого на ЕСИ Радио

Националното радио за лица со визуелна попреченост со задоволство ви ја најавува својата освежена програмска шема која од месец Август почнува да се емитува. Исто така, освежена е и збогатена официјалната веб-страница на радиото на која се опфатени сите релевантни потребни информации за радиото, како и линкови и насоки за потребите на нашите слушатели. Посетете ја на https://www.radioesisojuznaslepi.webradiosite.com/

Освен веќе постоечките програми кои се проширени и надградени, програмата е збогатена со повеќе нови авторски, забавни и поучни програми во кои ќе уживаат нашите слушатели. Со задоволство ви ја најавуваме збогатената програма со преку 15 нови но и надградени програмски содржини.

 

Колаж од сите програми на радиото

 

Издвојуваме

 

  • „ЕСИ инфо“: Неделна Информативна Програма
  • „Човекот пред сѐ“: Авторска програма на Сања Манчева, граѓански активист и иноватор
  • „Шах со Љубиша Андоновски“: Една од водечките наменски спортски емисии во земјата, емисија посветена на шахот
  • „ЕСИ книга“: Богата програма од Аудио Книги во соработка со САМОГЛАС.МК
  • „Патуваме со ЕСИ“: Travelguide програма со Марија Атанасова
  • „ЕСИ репортажа“: Теренски репортажи за активностите на НССРСМ и останато
  • „Поетско катче со Тоше Илиев“: Авторска емисија на Тоше Илиев, активист на НССРСМ

 

ЕСИ Радио Ви се заблагодарува на слушаноста, којашто сѐ повеќе расте, како и гледаноста на нашиот јутјуб-канал, којашто истотака е во постојан пораст. Наскоро се очекува официјална промоција на емисии во живо на сеуште младото радио кое ги надмина очекувањата за краткиот период во кој тоа постои, на која ќе има официјални гости од кои очекуваме само да се зголеми слушаноста и гледаноста на единствениот ваков тип на медиум во Земјата. ЕСИ Радио ве охрабрува да давате ваши идеи и предлози слободно за збогатување и оспособување на медиумот за Вашите потреби на  имејлот: [email protected], како и во порака на нашите фејсбук и инстаграм-профили. Ви благодариме на довербата.

 

ЕСИ РАДИО НА веб:

https://radioesisojuznaslepi.webradiosite.com

ЕСИ РАДИО НА плејстор:

https://play.google.com/store/apps/details?id=net.listenradionow.radioesisojuznaslepi&hl=en&gl=US

ЕСИ РАДИО НА Јутјуб:

https://youtube.com/channel/UCCqymI9T4NMlfcowrOk9BXQ