Слика од претседателот на НССРСМ Жарко Селковски каде што дава интервју за ТВ Сител

Претседателот на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија на 30.04.2021 беше гостин во емисијата „Магазин“ на Телевизија Сител, каде што зборуваше за спортовите што ги спортуваат лицата со оштетен вид во нашата држава. Во емисијата се зборуваше како за почетоците што секогаш се тешки, до денешните успеси како на национално така и на светско ниво.

 

Зборувајќи за почетоците на спортовите за слепи, Иако во потешки услови во тоа време, претседателот Жарко Селковски вели дека секогаш кога се посветува доволно внимание успехот е неминовен.

 

„Денес, како резултат на таа посветеност, спортските репрезентации и спортските клубови при Сојузот, се редовни учесници на меѓународни (европски и светски) натпреварувања. Нашата земја беше домаќин на шаховската олимпијада во 2017 година, каде што се пласиравме меѓу првите 10, а истата година имавме и претставник на светското првенство во атлетика со солиден резултат. Годинава во Октомври нашите најдобри шахисти ќе учествуваат на шаховската олимпијада во Грција, за чиј настап подготовките се веќе започнати. Освен тоа натпреварување не очекуваат продолженија на активностите во голбал и атлетика. Дел од овие натпреварувања ќе може да ги следите и на ЕСИ Радио.“ — изјави претседателот на гостувањето.

 

Видеото од целосното гостување може да го погледнете со притискање на плеј копчето подолу.

 

https://www.youtube.com/watch?v=3Tq768suV68