КАПКА КРВ-ЗА ЕДЕН ЖИВОТ!
СЛЕПИТЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА!
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација основана согласно Законот за инвалидски организации,непартиска, непрофтина, доброволна, организација од особено општествено значење.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата.
Во рамките на своето 7 децениско постоење, во 2016 година кога го славиме големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, 7 децении Ништо за Нас-Без Нас, 7 децении-Светлина на патот на слепите лица, 7 децении-Визија за Светлина, 7 децении-Темел во современата македонска држава, ќе се одржат низа на активности.
17те Општински здруженија на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија веќе ги одржаа своите крводарителски акции во градовите ширум Републиката.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија централната крводарителска манифестација под мотото СЛЕПИТЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА ќе ја одржи на 01.03.2016 година (вторник) од 10.00 часот-15.00 часот во деловниот објект на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (Ул.Костурски Херои бр.46) во непосредна близина на Универзалната сала (улицата која ја спојува Универзалната сала со Католичка Црква).
Традиционалната крводарителска акција ќе се одржи во соработка со Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје,   Црвениот крст на општина Центар, Унијата на млади сили  на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги покануваме сите соработници, волонтери, хумани граѓани да земат учество на оваа акција и заедно со слепите лица да даруваат крв и да спасат нечиј живот.За доброволните дарители на крв следува бесплатна биохемиска анализа( комплетна крвна слика) и пригодни подароци.
КАПКА КРВ-ЗА ЕДЕН ЖИВОТ!
Затоа што секому може да му се случи.За што повеќе единици крв.спасете нечиј живот!
ВАЖНА НАПОМЕНА:
(*сите кои сакаат да им се направи бесплатна биеохемиска анализа односно комплетна крвна слика 12 часа пред дарувањето треба да бидат гладни.)