На ден  11.05.2016 година на градскиот  стадион ,, НИКОЛА МАНТОВ ,, вo Кочани  а   во   организација на Општинскиот  Сојузот за спорт и рекреација  на инвалидите  од Кочани се   одржаа квалификациони натпревари во повеќе спортски  активности  на  учесници од  здруженија членки на општинскиот Сојуз.  На квалификационите натпревари   од  здружението на слепи лица Кочани учествуво зедоа  12 члена од женски и машки пол  кои се  натпреваруваа во Атлетика : фрлачки дисциплини  ѓуле ,диск и копје (повеќебој),тркачки дисциплини на  100, 200 и 400 метри. Учесниците од  здружението на слепите  лица  постигнаа најдобри  резултати кои се  доставени до Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите  на Република Македонија – Македонски  Параолимписки комитет  за  учество на државно првенство.

На сите учесници кои учествуваа во  натпреварот им  беа доделени дипломи   од страна на претседателот  на Сојузот за  спорт и рекреација на инвалидите  од Кочани  Љупчо Филипов.

[Best_Wordpress_Gallery id=”85″ gal_title=”Kochani2″]