На 06.02.2016 година (Сабота) во хотелот Континентал во Скопје по 25-ти пат се одржа манифестацијата вешта жена.На ова јубилејна манифестација учествуваа жени од град Скопје,и за прв пат слепа жена,членка од здружението на слепи и лица со оштетен вид од Скопје.Соработката со здружението на вешти жени,ја охрабри Кентровска Душанка да се пријави за учество и на големо задоволство на сите ја оправда довербата кај нас, но и кај нејзиниот ментор Г-га Лилјана Шеретова од здружението Вешти жени,која во целата постапка несебично преку своето искуство делуваше советодавно.
Ние знаеме дека слепите жени,се одлични домакинки знаат да готват, и да ги вршат сите домашни и семејни обврски,покрај професионалните,впрочем како и останатите,водени од желбите и личните авинитети и способност,но да се излезе пред аудиторим од 400 гости и да се презентират личните кулинарски изработки,е смелост и посебност издвоено од општото. Секоја од вкупно 7-те учеснички,имаше тематски сервирана маса.Нашата членка која учествуваше на 4-тата маса, се пртстави со темата зеленчукова градина,со главно јадење полента зелка,торта во форма на зелка а целата маса декорирана во стилот на пролетна зеленчукова градина. Изгледаше преубаво,но и превкусно,како што кажа жирито и декустаторите,затоа што Душанка доби награда за највкусно јадење.Уште еднаш се потврди и докажавме ,дека слепите лица по ништо не заостануват зад жените од сечулната популација, дека можат да бидат рамноправни во сите сегменти , од општествениот живот,и дека поради слепилото вложуват многу поголем труд во тоа што треба да го направат.
Нашите членови знаат да си дадат подршка една со друга,од нашето здружение имаше 32 жени присутни на манифестацијата, кои го дадоа својот глас за Душанка,но и беа покрај неа и први и честита за наградата.
Велат дека ,најголемите пречки во животот се надминуваат со мали чекори,Душанка го направи тој чекор,следуват други предизвици.Во месец Мај ќе се одржи манивестацијата етно вешта жена,ќе не радува до колку повторно се пријави слепа жена членка на Здружението.жени кој извонредно можат да приготвуват традиционални јадења,автентични на местото од каде што потекнуваат што ке биде услов за учество на манивестацијата.
Учеството е битно,делува мотивирачки кај останатите,но сите што беа присутни на манивестацијата собраа многу пзитивна енергија која ке трае,и ке не движи напред кон успесите.
Уште еднаш и честитаме на нашата членка Кентровска Душанка која токму во годината кога Здружението прославува 70 години од своето постоење ,го даде својот допринос за авирмација на здружението и, наметна нова категорија за натпревар и развивање на натпреварувачкиот дух.