Членовите на Здружението на слепи и лица со ошететен вид – Скопје се горди со тоа што заедно со другите жители од градот, и преку своја активност можат да го одбележат 13-ти Ноември, Денот на ослободувањето на град Скопје, градот во кој живеат и егзистираат. Меѓународниот шаховски турнир „13 Ноември“ е зацртан и во Програмата на градот Скопје, како активност преку која се одбележува овој историски датум. Турнирот се играше три дена, почнувајќи од 10.11. до 12.11.2017 година, во салата на Здружението. Учествуваа 30 мажи од кои 7 шахисти од странство, односно од Србија и Бугарија и 23 домашни, и 7 жени учеснички, сите од Здруженијата на слепи и лица со оштетен вид од Македонија. Турнирот се играше по швајцарски систем според ФИДЕ, со темпо на играње од 50 минути по играч, со додаток од 10 минути по потег, почнувајки од првиот потег.
Наградниот фонд изнесуваше 20.000,00 денари, од кои 10.000,00 денари од прво до четврто место за женските учесници и 10.000,00 денари, од прво до четврто место за машките учесници. На турнирот се доделија и други парични награди, но и вредни стоковни награди од асортиманот на „Алкалоид“ АД Скопје, за првите 5 места од машките и првите три места од женските учеснички. Турнирскиот одбор го сочинуваа: Вулин Милорад, Владимир Тракаљанов и Костадиновски Зоран. Турнирот го водеше судијата Кочовски Иван, со неговиот помошник Оливер Органџиев. Повлекувајки го првиот потег со бели фигури со нашиот шахист Митковски Крум, турнирот го прогласи за отворен претседателката на Советот на град Скопје Јанчевска Љубица, која во поздравниот говор меѓу другото рече дека е запозната со соработката на претходниот градоначалник на град Скопје и Здружението, и дека истата, се надева и со повеќе проекти, ќе продолжи и понатаму.