Денес, во пресрет на интернационалниот ден на лицата со попреченост Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ потпиша Меморандум за соработка со Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија.
Предмет на овој меморандум за соработка помеѓу двете договорни страни е соработка и учество во процесите во борбата кон создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум Република С. Македонија, и нивна подобра социјализација и интеграција во општествената заедница.
Соработката ќе се остварува преку снимање на аудио книги и други видови на асистенција според потребите на НССРСМ.
Унијата на млади сили, како општествено одговорна младина, се залага за инклузија на сите лица со попреченост и се става на располагање за секаква соработка со нив.