Лого на НССРСМ

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, со програмата за развој на Обединетите Нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи на РСМ, пред 6 месеци започна креирање на синтетизатори за глас за македонски и албански јазик, којшто наскоро ќе бидат достапни за сите лица со оштетен вид од нашата држава. Овие нови синтетизатори на глас за македонски и албански јазик ги прави американската компанија „Louder Pages“, со локална поддршка од двајца наши членови на Националниот сојуз на слепи на РСМ, Ертај Шашко и Кристијан Лазарев, коишто обезбедуваат логистичка, информатичка и лингвистичка поддршка за компанијата што ги изработува синтетизаторите на глас. Во моментов креирањето на овие софтвери е во напредна фаза. Имено, неделава се започнува со тестирање и давање кориснички фитбек за синтетизаторите за глас, прво за македонски, а потоа кон крајот на месецов и за албански јазик, додека првичните бета верзии на овие софтвери се очекува да бидат достапни веќе во месец јуни, за што дополнително ќе напишеме статија и ќе поставиме линкови од каде ќе може да биде преземен овој значаен софтвер за лицата со оштетен вид од нашата држава. Подолу може да го погледнете видеото од прес конференцијата на Министерството за труд и социјална политика.

 

https://www.youtube.com/watch?v=mddF2WB55wo