Лого на НССРСМ

Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија со особена чест и задоволство ги известува своите заинтересирани читатели дека библиотеката при Сојузот е збогатена со нови книги во брајов и аудио формат.

 

Станува збор за изданија на нашата позната и ценета авторка м-р Жаклина Мучева, која несебично одвои дел од своето слободно време и трите нејзини книги ги изработи во пристапен формат за лицата со оштетен вид.

 

Изработувајќи ги делата во пристапен формат за лицата со оштетен вид, Жаклина Мучева даде свој несебичен придонес  кон доближување на убавиот пишан збор до оваа категорија граѓани.

 

Книгата „Мозаикот на Деби Му“ е отпечатена со македонската брајова азбука. Дополнително, во аудио формат е изработена целата трилогија „Деби Му“ (Мозаикот на Деби Му, Деби Му го разбуди бувчето и Деби Му освојува медали).

 

И брајовата и аудио верзијата на трилогијата се достапни во издавачко-информативниот центар при НССРСМ за сите заинтересирани читатели.

 

Жаклина Мучева дипломирала на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде и магистрирала во областа на менаџирање во образованието. Радискиот микрофон го заменува со телевизиска камера во 2010 година. Своето педагошко образование го соединува со способноста за добро говорење и во слободното време држи разни креативни работилници, предавања во основните училишта на теми поврзани со холокаустот, учествува на научни конференции и семинари со свои трудови. Член е на Лајонс-клубот „св. Пантелејмон“ — Скопје, а волонтер е и во Црвениот крст на Град Скопје.