Лого на НССРСМ

Националниот сојуз на слепи на РСМ, со цел да ги подигне степенот на информираност и знаење за различните видови помагала и современи технологии кај своето членство, ја прифати иницијативата на четворица свои млади членови за збогатување на содржините на сајтот nssrm.org.mk, со информативно-едукативни статии, рецензии и туторијали за најразлични помагала и технологии што го олеснуваат животот на слепите и луѓето со оштетен вид.
Имено, почнувајќи од неделава, во наредниот период нашите членови со оштетен вид, нивните родители и роднини, едукаторите/рехабилитаторите што работат со нив, па и пошироката јавност што е заинтересирана за начинот на живеење на луѓето со оштетен вид, помагалата и технологиите што тие ги користат за да функционираат еднакво со останатите луѓе без попреченост во општеството, во следниот период ќе може да читаат информативно-едукативни статии, рецензии и туторијали за ваквите помагала и технологии.

За ова, со свои авторски текстови или преводи ќе бидат ангажирани самите членови што ја поттикнаа оваа иницијатива, и тоа:

Портретна слика од Беира со бела позадина.Беира Салифоска, вработена во ЈЗУ ИФМР, апсолвент на Институтот за специјална едукација и рехабилитација и девојка што веќе 12 години живее самостоен живот во Скопје. Таа ќе пишува статии од областа на специјалната едукација и рехабилитација, како и текстови за вештини за самостојно живеење на лицата со оштетен вид.

 

 

Блаже покрај Охридското Езеро.Блаже Зафиров е ученик во четврта година во меѓународната гимназија „Нова“. Сака технологии што му го олеснуваат животот, ги проучува и дава фитбек за нив на креаторите. Тој ќе пишува статии поврзани со софтверски помагала за разновидни оперативни системи што би биле од корист за слепите и слабовидни лица.

 

 

Портретна слика од Ертај со позадина од брегот на Охридското Езеро во Струга.Ертај Шашко живее во Струга и е дипломиран компјутерски инженер, којшто се занимава со софтверско инженерство. Ертај ќе пишува едукативни и информативни текстови од областа на информатичките технологии што ги прават слепите и лицата со оштетен вид посамостојни во животот.

 

 

Портретна слика од Кристијан со бела позадина.

Кристијан Лазарев е вработен во Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и е дипломиран професор по македонски јазик и литература. Својот придонес тој ќе го даде примарно во јазично уредување на текстовите од останатите членови од тимот, но и со свои статии за технологијата, помагалата и различните вештини што слепите и лицата со оштетен вид ги прават самостојни во животот.

 

За крај, се надеваме дека овие нови содржини ќе бидат од помош за сите наши членови, а посебно за помладите генерации за кои помагалата и новите технологии ќе бидат од големо значење при постигнувањето поголем успех во нивните животи.