Најголемо задоволство е кога на детските лица ќе се види насмевка, кога во детското срце ќе се види среќа. Како и секоја година, така и оваа, градоначалникот на Општина Велес г-дин Славчо Чадиев, во просториите на Здружението на слепите лица на Општина Велес, на дечињата на нашите членови им подари новогодишни пакетчиња и на сите присутни им посака среќна Нова година со искрени желби за добро здравје и успех. Во името на членовите, секретарот на Здружението му се заблагодари на градоначалникот и истакна дека поддршката од градоначалникот многупати е потврдена.
Посетата на градоначалникот беше искористена за да се разговара за трајно решавање на просторниот проблем на Здружението. Следната година ќе се прилагодат сега напуштените простории на Битолскиот факултет, каде нашето Здружение ќе добие соодветна канцеларија и простор во кој ќе биде сместена најмодерна тифло-техничка опрема.