Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје,2015 година успешно ја заврши, 90% од  планирани активности  од годишната програма за 2015 година се реализирани односно, се што значеше остварување на активност во која требаше да се вложат ,настојчивоста  авинитетите и капацитетот на членовите  се реализирани.Месец Декември од 2015 година значеше заокружување на активностите. Ги посетивме ,и со врачување на благодарници  им изразивме почитување и се заблагодаривме на многу наши помагатели кој финансиски ги подржале нашите активности.

Искористивме прилика да иницираме некој од проблемите а, воедно и да потенцираме дека спроведувањето на дел од наши договорени проекти не се одвиваат според зацртаните планови и  динамика.Посочивме пред секторот за јавни дејности на град  Скопје дека ,поставените тактилни патеки на дел од улиците низ градот Скопје,не соодветствуваат со намената,пред градоначалнкот на Општина Горче Петров,пренесовме наше искуство од ,Лесковац како треба да се вградува тактилната патека со бекотон плочки низ улиците во општината кои се раскопани и на кој во тек е поплочувањето.Со директорот на ЈСП  Скопје со кој имавме многу срдечен разговор ,заедно со претставници од Градско Собрание,разговаравме за можноста на користењето на гратските билети  во автобусите од ЈСП,со поставеноста на апаратите за електронските картички и добивме согласност,за користење на истите со придружник.

Организиравме новогодишна прослава за најмладите од здружението, на која децата членови од здружението и децата чии родители се социјално загрозени, а се членови во Здружението добија пригодни подароци од здружението “Вешта жена”,а новогодишни пакетчиња им беа поделени и од Општина Центар,од  “Тинекс” и синдикатот на Макпетрол. Се израдува и дел од повозрасната популација од Здружението,односно нашата прва екипа на голбалисти кои пред нова година,од спонзори  добија по еден пар квалитетни тренерки.Смеатаме дека ќе им донесат срека и  ќе покажат подобри резултати во наредните натпреаврување на голбал турнирите.

Јануари,е најфрекфентен месец,воопшто секоја година во здружението .Членовите кој аплицирале за годишни билети,ги подигат веке изготвените субвенционирани билети,кој од годинава ќе важат за четири наредни години и затоа нивното изготвување чини 200,00 денара.На 13 јануари, поголема група на жени, членки од Здружението, патем кој редовно се собират на дружење секој прв четврток во месецот , го прославија доаѓањето на стара нова година,прославија два родендена на наши членки кршеја лепче со паричка,доживееја уште еден прекрасен ден од животот кој ќе биде вграден во нивната меморија.  Се надеваме дека цела година среќата ке ја прати Атанасова Елица во која годинава се падна паричката.

На одржаната седница од 25.12.2015 година Извршниот одбор донесе одлука за  плаќање на годишна чланарина ,на што претседателката Петровска Благица повикува секој од членовите да ја исполнува својата обврска кон Здружението.Средствата од чланарината  ќе бидат наменети за дел на активностите кој ке бидат предвидени во програмата за 2016 година.

[Best_Wordpress_Gallery id=”43″ gal_title=”Skopje1″]