Здружението на слепи лица од Кочани и Здружението на слепи лица од Штип, на покана од Сојузот на слепите лица од Благоевград – Република Бугарија, учествуваа на заедничко одбележување на 15 Октомври – Светски ден на Белиот стап – симбол на слепиот човек. По тој повод беше организирано дефиле на бели стапчиња од Домот на Сојузот на слепите во Благоевград до Регионалниот Историски Музеј кој исто така беше посетен. Потоа се одржа свечена седница на која бевме поздравени од градоначалникот на Благоевград, претседателот на Сојузот на слепи и претседателот на Спортската федерација за слепи. За гостите беше организиран ручек со заедничка дружба.
Се надеваме дека овој настан привлече внимание за понатамошна успешна комуникација и дружење помеѓу организациите на слепите лица.