Здружението на слепите лица од Кочани  заедо со гостите од Благоевград Република Бугарија го  одбележаа  Меѓународниот ден на белиот  стап – симболот на слепиот човек. Средбата се одржа во село Јакимово во црквата ,,Јаким Осоговски,,. Гостите беа поздравени од членот на нашето здружение Столе Иванов , претставникот од музејот Теракота од Виница накратко ѓи запозна  присутните за историјатот и знаменитостите на локалитетот а пота се одржа трибина на тема ,,Шекерна  болест  како причина за појава на слепило,,  на  која предавач беше Др. Мирко Анакиев.

На средбата членовите на нашето здружение и членовите на сојузот на слепите на Благоевград ѓи презентираа   проблемите со кои се соочуват во секојдневниот живот ,за начин за нивно решавање преку општеството и др.

Од средбата членовите упатија апел јавноста да се запознае за поголемо социјално вклучување и интегрирање на слепите лица во потесната и пошироката општествена заедница.

Настанот беше проследен  од старана  на локални  медиуми.

[Best_Wordpress_Gallery id=”135″ gal_title=”Kochani7″]