Националниот сојуз на слепите на Република Македонија зема активно учество во одбележувањето на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

Оваа година Националниот совет на инвалидските организации, чија членка е и Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, организираше трибина на тема: „Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“. Истата се одржа во Домот на хуманитарни организации на Македонија – „Даре Џамбаз“.

На истата присуствуваше и Министерката за труд и социјална политика на Република Македонија Д-р Фросина Ташевска – Ременски  која се обрати до присутните. На одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, во името на Националниот совет на инвалидските организации се обрати претседателот на НСИОМ г-дин Чедомир Трајковски. Во името на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија прогласот за јавноста испишан на Брајово (Релјефно) писмо го прочита претставник од Извршниот одбор на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија г-ѓа Николина Трајковска.

Излагањето во целост Ви го пренесуваме:

„Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“

Во Република Македонија постои добра нормативна поставеност во однос на воспитанието и образованието на децата со посебни потреби, конкретно на слепите и слабовидните лица, која како законска рамка претставува добра појдовна основа за понатамошно усовршување. Ако се направи компаративна анализа со образовната политика за оваа категорија на ученици во развиените земји, може да се констатира дека глобално, многу нормативни решенија се идентични или многу блиски со оние кај нас.

Разликите пак се јавуваат во степенот и квалитетот на образование, што пак се должи на економското и културното ниво, традицијата, предрасудите кои сеуште се присутни, како и низа на останати фактори.

Ние како Национален сојуз на слепите на Република Македонија се залагаме за комплетна интеграција на слепите и слабовидните лица во сите сфери на општественото живеење, односно надминување на секаков вид на сегрегација, секаде каде што е тоа можно, но сепак подвлекуваме дека сме против инклузивното образование кое на сега изолираните ученици во специјалните училишта гледа на физичко сместување во редовните училишта, и вклучување на слепото и слабовиднито лице во животот и работата на училиштето, но за тоа да се оствари нужно е реализирање на низа претпоставки. Па овде логички се запрашуваме како еден здрава средина особено во фазата на тинејџерските години ќе прифати едно слепо лице, како една здрава средина во таканаречените луди години нема да го игнорира и става на маргините слепото лице. Ако знаеме дека младинците во тој период се особено сурови.

Дали принципот на инклузивно образование за кое сме тотално против и јавно кажуваме дека не смее да се оствари затоа што ќе доведе до отстранување на стереотипите и бариерите за слепите и слабовидните лица или пак ќе уништи генерации и генерации на штитеници правејќи ги неспособни за самостоен живот и живеење.

Бидејќи знаеме, инклузија – да, но во високо развиените земји кои имаат поголема финансиска и економска моќ, а инклузија кај нас?

Ако знаеме дека училиштата се западнати во долгови и располагаат со оскудни средства, тогаш со кои средства едно општинско училиште ќе финансира набавка на Брајова машина, математички сметач, компјутер со говорен програм, тактилни патеки, изработка и печатење на материјали на Брајово писмо.

И не случајно во своето излагање започнав од инклузивното образование за кое како педагог и како став на институцијата сум против поради тоа што во образованието и во воспитанието е основата за целиот развој на општеството. Бидејќи образованието претставува основниот постулат, столб на секое општество, без исклучок. Поради тоа што животот е еден вид на клопче кое се одмотува кажано во фигуративна смисла, поради тоа што принципите на кои мене ме учеле моите родители, на истите тие јас ги учам моите деца, и така натаму, па се започнува со образованието, со системот ан вредности, норми и верувања кои општеството сака да не научи.

Крајно време е со нова енергија да се согледаат прашањата поврзани со проблемите и со тематиката на слепилото од нови хоризонти. Крајно време е да се отстранат сите облици на било каква дискриминација во општеството со кои оваа категорија на граѓани се соочуваат во секојдневието.

Крајно време е да си посакаме Македонија земја без бариери за слепите лица. И не случајно паролата на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е „Ништо за нас – без нас“, токму затоа, затоа што бараме да бидеме консултирани при носењето на сите законски акти, правилници, поздаконски акти, прашања на локално, национално ниво од сите институции на системот какоз аинтересирана страна. Затоа што ние сме тие кои сме најзасегнати од прашањата и никој не може да ни го оспори тоа право, бидејќи ние сме судбеници и никој подобро од нас не знае што нам ни е потребно.

На овој 3-ти Декември уште еднаш ќе се обратиме по којзнае кој пат, ако знаеме дека ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА – ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, токму на овој ден – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, ние слепите и слабовидните лица упатуваме апел да нашата држава го потпише и ратификува меѓународниот Маракеш договор на светската организација за интелектуална сопственост и конечно ни го овозможи основното човеково право, правото да читаме. Бидејќи инклзијата почнува оттука, а тука не сме еднакви. Нам ни е ограничен и оневозможен досегот до илјадници интернет страни, книги, брошури, печатени материјали… Нам ни  е ограничено правото на информирање.

Апелираме дека доколку Република Македонија еден ден сака да стане составен дел на големата Европска заедница, треба да се стреми тенденцијата за инклузијата во сите сфери на општественото живеење да биде нејзин важен и круцијален процес кон демократизација на општеството, преку кој се создава можност за сите и максимална флексибилност во задоволуавњето на специфичните и општествените потреби на поединецот.

Ние не бараме премногу, затоа што сме свесни дека процесот на инклзија бара инволвирање на многу ресирси и време како и целосна институционализација и зацврснување на инклузивната култура и политики.

[Best_Wordpress_Gallery id=”32″ gal_title=”nssrsm1″]