По повод 8-ми Март – празник на жената, во просториите на Здружението на слепи лица – Тетово, беше одбележан овој ден. Во соработка со комисијата за жени, во дел од нашите активности беше и оваа која ја одбележивме на скромен начин со коктел и подароци за нашите жени. Целта не беше само да го одбележиме тој ден, туку и разговаравме и за повеќе теми кои во иднина сакаме да ги реализираме во соработка со другите здруженија и организации. Празникот на жаената го поминавме незаборавно и се надеваме дека во иднина ќе продолжиме да го одбележуваме.