Во Кичево свечено беше одбележан 15-ти Oктомври Меѓународниот ден на Белиот стап, при што беа поканети претставници од локалната самоуправа, членовите на здружението, медиумите и институците. На свеченото отворање претседателот на Здружението ги поздрави присутните и им го честита денот. Исто така им се заблагодари на претставниците на институците за нивното присуство.
По воведниот дел, претседателот Зенел Зулбеари ги запозна присутните за темата на оваа тркалезна маса „Вработување на слепите лица“. Тркалезната маса се одржа во просторите на Црвен Крст – Кичево. Модератори беа Садик Емро од Детска заштита и претседателот на здружението „Хендимак“ од Тетово – Адем Идризи. Модераторот ги запозна за новите закони за самовработување и заштитни друштва. По плодната дискусија, модераторот објасни дека при отворање на сопствен бизнис или заштитно друштво, треба да се соработува со Здружението на слепи лица на град Кичево каде можат да се добијат сите потребни информации и насоки.