Во Здруженеито на слепи и лица со оштетен вид Скопје на ден 26.05.2019 година се одржа четворомеч во голбал.Вака договорениот четворомечот во голбал со овие екипи започнува да се одигрува уште пред 10-тина години и секогаш во тој круг Здружението на слепи и лица со оштетен вид е прво,како организатор.Се играше со екипи, од Скопје како домакин ,Кавадарци,Битола и Прилеп.Четворомечот се играше во спортската сала на средното електротехничко училиште “Михајло Пупин“ во Автокоманда,каде што е дозволено и договорено редовен тренинг на нашите спортисти за повеќе дисциплини.
Најдобра екипа со постигнати 19 гола беше екипата од Кавадарци,која е за пофалба, бидејќи во повеќе турнири била победник,на второ место екипата од Битола со постигнати 13гола, Скопје со 12 на трето место,иПрилеп со 9 гола на четврто место.Најдобриот голготер со постигнати 7 гола беше Анев Аце од победничката екипа на Кавадарци. Годинава не се исплакаше парична награда за најдобриот голготер,туку се доделува пехар на победничката екипа ,и предлагаме на здружението од Кавадарци да обезбедат навреме плакари за чување на пехари,затоа што многу често ги добиват.Четворомечот го судеше нашиот играч голбалист Милуновиќ Горан,а му помагаше секретарот Љупчо од Прилеп.Сите екипи покажа добра и фер игра.
Секратер,
Коцева Алтана