Деновите за викен 08 и 09 Јули, членовите од Здружението наслепи и лица со оштетен вид од Скопје ги поминаа,викендашки баш како што одговара на временските услови во овој летен и претопол месец.Годинава за прв пат излетот се организираше во Јули месец, кога е во ек туристичката сезона, и на дестинација каде што тоа апсолутно може да се почувствува.
Преубавиот хотел “Бисер“ во Калиште-Струга, според местоположбата,црквите во непосредна близина и другите историски знаменитости оправдано го добил името.Иако сите членови и двата дена ги поминаа шетајќи покрај езерото, пливајќи во бистрите негови води,и разгледувајќи ја окoлината, од сите соби на езерото каде што бевме сместени можеше да се осети пријатниот аква мирис, и да се види блесокот и одбивањето на сончевите зраци од водата на езерото.
Преубаво место во нашата земја, кое допринесе низ лична рекреација за стекнување на нови и зацврстување на стари пријателства. Интензитетот на дружењата и користењето на секој момент, на членовите им значеше како да поминале еднонеделен одмор. Тоа е и целта на Здружението, на сите членови кој со свои средства не можат да си допуштат подолго летување, временски накратко да ги почувствуваат летните доживувања. Во хотелот имаше стационирано, но и на поминување други странски и домашни гости, во црквите се организираа свадбени веселби, венчавки и крштевки, така да заинтересираните членови научија многу адети и начини како се прославувааат ваквите веселби. Саботната вечер и сама по себа беше преубава но, музиката со звуците од виолина и гитара кај постарата популација од членовите евоцираа убави спомени а на помладите веруваме дека и создаде моменти за сеќавање. Сметаме, секој од нив се врати со едно поубаво и побогато искуство, што од социолошки аспект ја постигнавме целта. Активноста се организираше со помош на Собранието на град Скопје кој и годинава ни овозможија користење на три автобуси кој беа климатизирани и безбедни за патување. Другиот дел од трошоците целосно ги подмири здружението без партиципација на членовите, но известувани беа само оние кој имаа платено чланарина за 2017 година. Пропустите што годинава ги согледавме во однос на плаќањето на чланарината и поканата за излет, ќе внесат и нови параметри по кој ќе се раководиме во 2018 година исклучиво за ова активност. Сепак, излетот останува активност која вклучува голем број на членови и затоа останува приоритетна која ќе се предвидува и понатаму.