По повод 8-ми Март , меѓународниот ден на жената ,Здружението на слепите лица од Кочани  за своите членови ја организираше традиционалната осмомартовска  средба. Средбата се одржа на самиот ден 8- ми Март во клубот на Мобилност –Кочани . На средбата присуствуваа  околу 35 членки.  Од страна на традиционалните спонзори  на нашето здружение беа обезбедени  скромни подароци . Во пријатна атмосвера  и добра музика сите  членови  добро се забавуваа. Ова е пример како со малку труд и сретства  може да се одржи една добра традиција , која многу придонесува за  социјализација  на нашите членови а имајки го тоа предвид  ваквите средби  сепак имаат своја добра функција и се дел од нашата активност ,во сообраност со програмските активности.

Од името на Извршниот одбор со претседателот на здружението  ,секретарот   ѓи поздрави сите присутни  им посака добро здравје успеси во животот и работата.

СЕКРЕТАР

Гордана Велкова