Традиционално по трет пат на 10.07.2016 година Здружението на слепите лица од Кочани го  одбележа патрониот празник на град Кочани Петровден  со организирање на спортски натпревари во голбал и шах . На натпреварите  учествуваа  вкупно  54 члена од здруженијата на слепи лица  на Кочани ,  Скопје ,Струмица  Штип  и Благоев град од Република Бугарија.  Воедно присуствуваа и преседателите на Националниот сојуз на слепите на Р.Македонија ,Националната спортска федерација на слепи  , претседателот од  Регионалната организација на слепите на  Благоев град од  Република Бугарија и претседателот на  ,,Пирин спорт 2013 година,, од Р. Бугарија.

На крајот од натпреварите  претседателот на Здружението на слепите лица од Кочани како организатор им додели Благодарници и скромни подароци за соработката и учеството на натпреварите за понатамошно дружење и соработка.

[Best_Wordpress_Gallery id=”109″ gal_title=”Kochani5″]