Здружението на слепите лица од Кочани на ден 18.03.2019 година оствари работна  средба во Благоевград Бугарија  со претседателот и секретарот на Територијалната органицација на слепите со цел  зајакнување на меѓусебна соработка  .На работната средба беа разменети искуства ,методи на дејствување како и мерки кои се преземаат за подобрување на положбата од областа на здравството,социјалната политика,образование и вработување на  слепите лица.На средбата беше изготвен и Програм на активности за 2019 година помегу двете организации кои се однесуваа за: Изготвување на  заеднички проекти и аплицирање до Европските програми и фондови,Заедничка посета со членовите на Рилскиот манастир,Организирање на спортски активности повод патрониот празник на град Кочани,Одбележување на Меѓународниот ден на Белото стапче.

Двете организации се договорија по можност секоја година да се организира ваква средба на која ќе се разменат искуства  во остварување на правата и подобрување на положбата  на слепите лица и зајакнување на настапот на организацијата пред институциите во матичната држава.

Секретар – Гордана Велкова