Здружението на слепи лица на град Неготино на ден 14.05.2018г. одржа пријателски шаховски турнир на слепи и слабовидни  лица -мажи и жени. На турнирот земаа учество екипите од Неготино како домаќин,Кавадарци и Прилеп. Шаховскиот турнир се одржа во просториите на Здружението на слепи лица на град Неготино кој го отвори Градоначалникот на Општина Демир Капија г-нот Лазар Петров кој кажа дека му е чест и задоволство што е присутен на овој шаховски турнир и дека се надева дека овој шаховски турнир ќе продолжи и понатаму. Тој исто така истакна дека се што е во негова надлежност ќе му помага на Здружението и членовите во него.

Почесни гости на овој турнир беа и Коце Димов –Претседател на спортот на слепи и слабовидни лица кој исто така го поздрави овој пријателски шаховски турнир и предложи  доколку е во можност да продолжи и во наредните години,присутен почестен гостин беше и Претседателот на НССРМ г-нот Жарко Селковски кој ги поздрави сите присутни на овој шаховски турнир а воедно му изрази и благодарност на Градоначалникот на Општина Демир Капија за успешната соработка со Здружението на слепи лица на град Неготино. Говор зема и Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино г-нот Тони Караев кој на сите присутни им се заблагодари кои земаа учество на овој шаховски турнир,а воедно му се заблагодари и на Градоначалникот кој ја потпомогна оваа шаховска игра. На овој турнир присуствуваше и Веле Мајсторот во шах г-нот Трајче Недев кој го водеше пријателскиот шаховски турнир. На крајот од овој пријателски шаховски турнир на сите учесници им беа доделени благодарници.

[Best_Wordpress_Gallery id=”254″ gal_title=”Negotino16″]