Точно според прдвидента динамика од глобалната програма,  за одржување на спортските активности, на Здружението  на  слепи и лица со оштетен вид-Скопје, на ден 20.05.2018 година, се одржа четворо мечот  во голбал.Домаќинот на четворо мечот, Скопската  екипа по втор пат се пофали со условите во кој се играше голбалот,бидејќи од минатата година  ги надминавме проблемите со изнаоѓање на спортска сала,и по одобрувањето на салата и опремата од градот Скопје ,салата во училиштето “Михајло Пупин“ стана центар за собирање на сите наши членови рекреативци, за сите видви на спорт кој ги практикуваат членовите од Здружението.

Турнирот, веќе  десетина години се одигрува со истите уиграни екипи од Скопје,Кавадарци,Прилеп и Битола.Сите кола се изиграа пријателски и во фер игра,а според постигнатите голови се виде дека ова игра кај слепте лица секогаш е предизвик за лично и екипно презентиирање.Редоследот на колата се утврди по извлекувањето на броеви, од капитените на екипите,а по утврдениот резултат се покажа дека екипата од Кавадарци,веќе неколку сезони не го отстапува првото место од четворомечот.Иако со вкупно 38 дадени гола екипата од Кавадарци беше на прво место ,најдобриот голготер со дадени 16 гола беше Шопќиќ Тихомир од екипата на Скопје.Петров Трајче од екипата на Кавадарци постигна 14 гола,Миле од Кавадарци 13 и Чапанов Горге од екипата од Битокла 12 гола.На најуспешниот голготер исплатена му е награда од 500,00 денара.Турнирот успешно и без замерки го водеше судијата Костов Горан,добар пријател и другар на сите голбалисти од екипите.

По турнирот ,сите учесници остнаа да се дружат и да си раскажуваат секвенци од одржаниот турнир.

Секретар,

Коцева Алтана

[Best_Wordpress_Gallery id=”256″ gal_title=”Skopje29″]