Членовите од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид од Скопје,кои во текот на целата 2017 година беа активни,помеѓу другото и со редовно содржајно дружење во првите четвртоци од месецот,и годинава ја прославија Стара Нова година.Салата при деловната зграда на Здруженито овој пат беше преполна со весели и насмеани лица, кој на 13 Јануари дојдоа да се дружат и во пресрет на 14 Јануари, кој според Јулијанскиот календар е први Јануари, и почеток на годината да си посакат успешна и среќна година.Се празнуваше и Василица ,се кажа по некоја досетка,анегдота и обичаи со кој се одбележува овој христијански празник.

За важноста на овој празник во христијанството, зборува и фактот дека, децата посебно од возразните ,во некој делови од републикава го прославуват на свој начин, и со свои посебни обичаи.Традицијата ,како дел од културните наслетства на Макеонија ,треба да се пренесува на поколенијатаа, одбележувањето на ваквите празници се најадекватни за тоа,да не се дозволи  некогажните колективни дружења  сосема да замрат.Со приготвените и вкусни јадења од кумата и присутните членови, трпезата изгледаше многу свечено,а по кажувањето на молитвата“Оче наш“ беше поделено лепчето со паричка.

Во духот на пренесувањето на традицијата,ова година паричката се падна во најмладата верничка и придружничка Наде, ќерка на нашата членка Вале Гурчиновска, која во тековната година ја  очекуваат многу предизвици,а ова е предзнак дека ќе и бидат исполнети многу желби. Прославата уште повеќе ја развесели музичкото трио “Алтан“ кои веќе трета година заедно со нас прославуваат, и кои знаат да ги исполнат сите музички желби на присутните.

Секретар,

Алтана Коцева