Националниот сојуз на слепите на република македонија во рамките на своите програмски активности со финансиска поддршка на РЕК БИТОЛА во периодот од 06.10.2018 до 08.10.2018 година го организираше традиционалниот домашен женски семинар оваа година на темата:Употреба на канабисот при превенција и лекување на модерните болести на 21 век.

На женскиот семинар за учесничките првиот ден се одржа и предавање за депресија кај лицата со оштетен вид.
Едукатор на предавањата беше Др.спец.по семејна медицина и експерт за употреба и лекување со канабис Николина Витановска од која учесничките навистина имаа можност да научат повеќе за оваа област.
Вториот ден на предавања за учесничките на овогодинешниот домашен женски семинар во утринските часови пред доручекот Др.Николина Витановска на учесничките им мереше крвен притисок, а Др.Катерина Илиеска на учесничките им мереше гликоза во крвта.
Вториот ден учесничките имаа можност дс погледнат и кратка видео презентација за употреба на канабисот, како и можност преку интерактивен дел да постават прашање до стручните лица и да добијат одговор.
За прошталната забава и за доброто расположение да се задржи до самиот крај на свечената вечера притутните гостите ги забавуваше естрадниот уметник Борче Наумовски-Министерот.
За одличната организација и престојот во хотел Молика каде во попладневните слободни часови за учесничките беше организирано разгледување на околината и пешачење до Копанки упатуваме огромна благодарност до стручниот колегиум при РЕК Ботола за финансиската поддршка која оваа хумана и општестврно одговорна компанија ја дава за овие лица, а се со цел што ппдпбро утре на секој поединец.

[Best_Wordpress_Gallery id=”278″ gal_title=”nssrm11″]