Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на 21.11.2018 година склучи Меморандум за соработка со Арапскиот сојуз на слепите.
Меморандумот за соработка од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија го потпиша претседателот на НССРМ г-дин Селковски Жарко, а од страна на Арапскиот сојуз на слепите го потпиша Др.Халед Али Ал-Наеми.
Двете страни оценија дека во своите цели,задачи и активности имаат области во кои можат да соработуваат во остварување на своите мисии.