По повод Меѓународниот ден на белиот стап, Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија го истакнува значењето на ова незаменливо помагало за лицата со оштетен вид. Белиот стап не е само симбол за слепиот човек, туку и алатка која нему му овозможува независност, слобода и безбедност при движењето.
Со правилна употреба, белиот стап обезбедува три клучни функции:
1. Заштитна функција – овозможува избегнување на пречки и обезбедува безбедност при движењето.
2. Информирачка функција – обезбедува тактилен и звучен фидбек од околината.
3. Идентификациска функција – служи за препознавање на лицето со оштетен вид во општеството и на јавен простор.
Овој ден е можност да се потсетиме на важноста на белиот стап како средство за подобрување на квалитетот на живот и интеграција на лицата со оштетен вид во општеството. Во таа насока, Националниот сојуз на слепи повикува на поддршка и разбирање од сите чинители во општеството, почнувајќи од највисоките институции па сѐ до секој поединец, со цел да се овозможи еднаков пристап и подобра инклузија за сите лица со оштетен вид во државата.