Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во соработка со Црвениот крст на град Скопје и донаторот компанијата Роше Македонија во рамките на проектот СПОДЕЛИ СВЕТЛИНА издадоа Советник за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија.
Советникот за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија е испечатен на македонски јазик и на Брајово писмо за потребите на слепите и слабовидни лица од целата територија на државата.
Истиот претставува еден систематизиран текст за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија и ги опфаќа сферите од областа на здравството, социјалната заштита, образованието,итн.
Советникот претставува збир на резултати од спроведени истражувања за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија кои се спроведоа преку три фокус групи односно самите лица со оштетен вид, родители на слепи деца и професионалци кои работат во сфери со лицата со оштетен вид. Истражувањата беа спроведени во 2015 година.