Здружението на слепи лица Охрид реализираќи ги своите програмски активности за 2017 година, во текот на месец Март организира спорски натпревар во Општинското средно училиште ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ Охрид.

Натпреварот се одржа помеѓу членовите на Здружението на слепи – Охрид и учениците од ова училиште. На овој натпревар се играше домино и шах.

Целта на овој натпревар беше пред учениците и професорите на ова училиште да ги промовираме способностите и можностите на нашите членови на полето на спортот, како рамноправни спортисти со останатите граѓани на нашето општество.

Спортските активности од овој вид ќе продолжат во текот на целата година и во другите средни училишта во Општина Охрид.

Исто така се планира да во соработка со професорите по физичко образование да се оформи екипа за голбал од ученици од некое училиште и таа екипа да се тренира како би направиле гобал натпревар помеѓу екипата за голбал на ЗСЛ Охрид и екипата која ќе биде оформена од ученици – средношколци.

Цениме дека со овие спорски активности ќе ја запознаеме јавноста во нашиот град за можностите на слепите лица на полето на спортот.

[Best_Wordpress_Gallery id=”161″ gal_title=”Ohrid5″]