На покана на Директорот на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје Д-р.Горанчо Јаќимов, претставник на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија беше дел од делегацијата која заедно со учениците од единствениот училиштен центар од ваков вид во Република Македонија во формално-неформална атмосфера беа на гости кај Претседателот на Република Северна Македонија Н.Е. Д-р.Стево Пендаровски.

Средбата се одржа по повод 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации во свечената најрепрезентативна сала во целата претседателска палата.
Насмевките на сите присутни во салата само говорат за непосредниот и спонтат и другарски пристап на еден државник.
Ова е првпат во историјата од кога постои училиштето за слепи еден државник еден претседател уште од основањето на училиштето во далечната 1954 година да го отвори својот дом за дечињата од училиштето за слепи.
Навистина еден ден полн радост.Еден момент кој означува историја.Еден момент кој означува хармонија на невладиниот граѓански сектор, дечиња од Државното училиште за рехабилитација на децс и младинци со оштетен вид Димитар Влахов и еден Државник.
А колку голем човек е нашиот Претседател на Република Северна Македонија ни укажа полното срце среќа и разбирање за сите.
Дечињата имаа ексклузивна можност да со допир ги почувствуваат двата мозаика во салата кои се макотрпно изработени.За нашиот претседател нашите дечиња изработија и рачно свој подарок, додека Претседстелот сите лично ги награди со пакети слатки задоволства .Кој вели дека дедо мраз не доаѓа и во Октомври?
Навистина очи полни радост, душа полна љубов.Една срдечност.Овој 15 октомври е многу посебен.А да се покаже дека и ние знаеме учениците под раководство на професорот г-дин Боби Спасенцовски изведоа прекрасна нумера на хармоники.

[Best_Wordpress_Gallery id=”366″ gal_title=”nssrm23″]