На 29.05.2016 година,во Марков Манастир во Скопје се организираше манивестацијата” Етно вешта жена” на која вештите жени, од Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје зедоа учество. Не радува, фактот што помеѓу вештите жени од 15 града од Македонија, учествуваа и жени од нашето Здружение. За да ги оправдат пофалбите од предходните заеднички настапувања на ваквите манивестации ,членките од Здружението се потрудија,нашата маса по квалитет , декорација и квантитет, на изложеното да биде уживање како за очите, така и за вкусовите,на присутните.Како здружение ,често сме во ситуација да бараме спонзорство за нашите активности, но овој пат сме горди што преку породажбата на нашите изработки придонесовме за зголемување на паричните средства кој ќе бидат донирани во Марков манастир.
Манивестацијата беше пропратена со богата музичка прграма,на која настапија и наши членови од КУД Билјана.Арсовски Стојче,Стефановска Јана и федешин Верче ,со своите настапи ги разнежнија душите на многуте присутни,и беа наградени со голем аплаус.
За нашата соработка со Вешта жена на Р.Македонија и учеството на ова Манивестација добивме благодарница,која не обврзува на секое наредно учество да бидеме побројни.
Со сите наши настапи и презентации пред јавноста ја разбиваме предрасудата за слепиот човек,и докажуваме дека изгубениот вид не е мерило за вредноста на човекот , срцето и душата имат главна задача за се. Се појавуваме на масовна манивестација од 1.500 учесници,рече Претседателката Петровска Благица,и сите ние на свој начин го перцепираме и доживуваме овој прекрасен амбиент, но колективните дружења каде и да се случуват тие сплотуваат и,релаксират, затоа дружете се.