На трети Март, во хотелот “Александар  Палас“ се одржа традиционалната манифестација на “Вешта жена“ од жените на град Скопје, на која учествуваше и наша членка.Кентровска Душанка, ова година по трет пат се претстави,пред многубројните гости и публика, рамноправно со шест други учеснички и две учеснички за гранд при наградата.Во многу јака конкуренција нашата претставничка ја освои наградата од публиката и наградата за општ впечаток.Беше и за очекување затоа што се што имаше направено за трпезата на тема“Златна свадба“ беше направено со многу , стил и емоции поради годините преживеани со својот сопруг со кој токму на тој ден прославуваа 50 години од бракот.Организаторите по тој повод и пред трпезата на нашата претставничка приредија многу изненадувања, кои беа препратени со голем аплаус и возбуда од присутните.

Во краткиот осврт на претседателката од “Вешта жена“ Г-ѓа Жане за бројот и биографијата на учесничките ,потенцира дека и годинава имаме учество на жена која доаѓа од Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје,а веќе до година имаме ,рече таа најава дека ќе учествуваат и глуво неми лица и лица со телесен инвалидитет.Сите ние, потенцираше Г-ѓа Жане,не гледаме со очи,не слушаме со уши,срцето е тоа што не водии затоа и благодариме на Кентровска Душанка што ги охрабри останатите ,и  затоа  штотреба да вруваме дека   различностите се богатството.Од Здружението, 20 наши членови со свои средства купија билети  за присуство на манивестацијата , и лична подршка на нашата претставничка.

Здружението со своја донација го збогати  и  фондот за лотарија со што многу среќни жени добија и поклончња токму, пред празникот на жената 8-ми Март. Според критериумите на “Вежта жена“ секоја натпреварувачка може да учествува три години едно подруго,по што прави пауза од три години за да после тоа учествува за гран при наградата. Дел од прекрасно аранжираните трпези,односно тортите по пат на лицитација се продаваа,но нашата претставничка тортата ја донесе во Здружението и веќе наредниот ден сите подржувачи имаа можност да ја вкусат и едногласно да отценат дека, покрај феноменалниот изглед и декорацијата,тортата беше превкусна и за јадење.На ова повторно дружење беа и дел од организаторите на “Вешта жена“,меѓу кој и Г-ѓа Лиле менторката на Душанка,која рече дека  Душанка,е прекрасен човек и пријател која сака да научи многу од вештините во кулинарството.

Се надеваме дека од идната година,ќе не претставува друга наша членка за што веќе има најави,но до тогаш останува време да ги стимулираме сите наши членки ,да ѓи разбиват предрасудите и јавно да ги покажуваат своите способности бидејки ги имат.

На Душанка им благодариме за досегашното претставување на Здружението и посакуваме долг и среќе живот заедно со својот сопатник.

Секретар

Коцева Алтана