Една од поновите активности која тежнееме да стане и традиционална, набележена во програмата за работа на Здружението во 2017 година, со посебен акцент, за активирање на членовите од помладата популација и нивно вклучување во активности заедно со многу други учесници, е Скопскиот маратон. Годинава учествувавме по втор пат со 10 учесници на хуманитарната трка од 5 километри, трка за рекреативци од масовен карактер. Сите наши учесници што го поминаа стартот, успешно и во предвиденото регуларно време стигнаа до целта. Учесниците добија од организаторот маици со кои ја истрачаа патеката, и одредени ваучери од спонзорите на трката.

Најмладите учесници на маратонот, Лазаревски Кристијан и Салифовска Бејра, за оваа и другите  активности на Здружението, зборуваа на Телма телевизија, како гости во утринската програма.