До
Министерство за труд и социјална политика на РМ
Скопје
ПРЕДМЕТ:Забелешки по предлог Законот за социјална заштита
Почитувани,
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) претставува национална инвалидска организација, непартиска, непрофитна, организација од посебен јавен интерес.
НССРМ претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица во земјава.
НССРМ Ви се обраќа соовој допис со цел иницирање на измени и дополнување на Законот за семјество (член 179,180,181 и 200) како и Законот за социјална заштита во делот на постојана парична помош.
Бараме итна измена на овие два законски прописи во најбрз можен рок и иницирање на јавни дебати.
Овие два закони ја регулираат материјата на право на постојана парична помош ( за слепо лице) околу 4400 месечно и обрвска за издржвање во сродници од прв степен како задолжителна обврска па центрите за социјална работа прават се да изнајадат сродници од прв степен се со цел на слепите лица како и така најмаргинализирана група и група на лица со најтежнок вид и степен на инвалидност да им ја укинат и така малата помош од 4400 а обврската за зидржување паѓа на деца, браќа сестри.
Имено станува збор за работно неспособни лица кои не можат да се вработат никаде и од тие причини добиваат постојана парична помош (тоа е социјална помош но бидејќи станува збор за инвалидизирани лица така и се вика и е во износ од 4400).
Доколку слепото лице е само кја прима помошта, а доколку има браќа и сестри или пак деца истата му ја укинуваат со што се прави дискриминација и помеѓу слепите лица.
Второ би Ве запрашале следново кој брат или сестра со основано своја фамилија ќе се грижи и за слепиот брат или сестра.Ставете се во пзоиција да имате брат или сестра кое е слепо лице, а веќе имате основано свое семејство како ќе му помагате финансиски, ке двоите од своето семејство за да му помогнете на слепиот брат?
Трето имаме многу случаи на деца на слепи родители кои се разведени уште од најмала нивна возраст и сега децата, само што ќе наполнат 18 години треба да се грижат за својот слеп родител кој не го виделе ни како изгледа?Каде е тука правдата и праведниот систем на социјална заштита.На сметка на слепиот родител кој не се грижел за свето дете сега детето да плаќа алиментација за родителот?
Понатаму имате случаи на разведени брачни дургари, едниот ослепел, немаат деца и сега другиот браќен другар треба да се грижи за слепиот брачен другар и покрај тоа што веќе има ново семејство?
Предлагаме конструктивна дебата и измена во насока да оваа норма не ги опфаќа инвалидизираните лица, лицата неспособни за работа и самостоен живот,лицата кои немале контакт со родителите кои се разведени и сега дека истите ослепеле детето кое не го видело родителот треба да го издржува, дали да се издржува себе и своето семејство или родителот кој е слеп?
Да е апсурдот поголем лицата кои сродници во прва линија не се во земјава добиваат постојана парична помош бидејќи државата нема систем да им наложи на сродниците кои се надвор да им плаќаат алиментација.
Ако зборуваме за систем во кој актуелната Влада предлага социјална пензија и со еден ден работен стаж за лица на 65 години, тогаш како од друга страна ги унаказуваме фамилиите на инвалидизираните лица кои и така се маргинализирани и уништени од сите страни и поа втоматизам укинуваме постојана парична помош.Па слепите лица не можат да влезат во таа категорија за пензија бидејќи многумина од нив се трајно неспособни за работа а бидејќи се бара еден ден стаж тие нема да добијат ни социјална пензија?Само помислете еден ден да се разбудите во темнина, да немате претстава дали е ден или ноќ, да не можете да го видите светлото, сонцето,сета убавина,Бидејќи секому може да му се случи…
Сметаме за должно да ве известиме дека на многу наши членови им се ускратува ова право.Имено според сегашниот закон за социјална заштита за семејство се смета самец или заедница на маж и жена,на родители и деца и други роднини кои живеат со нив и се должни да се издржуваат.Законот за семејство го дефинира семејството како заедница на родители и деца и други роднини ако живеат во заедничко домаќинство.
Законот за социјална заштита дополнително го уредува поимот домаќинство утврдувајќи дека тоа е заедница на членови на семејството и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за издршка кои заеднички придонесуваат стопанисуваат и трошат.
Во сите случаи центрите за социјална работа не водат сметка за тоа дали слепото лице живее во заедничко домаќинство со лицето кое е должно да го издржува.
Во однос на промените кои ги предлага МТСП забележуваме:
Прво се надеваме дека со предлог измените кои Министерствотоз а труд и социјална политика ги предлага под гарантиран минимален приход, се опфатени и слепите лица.
Тука сметаме дека под член 29 став 3 по зборот”телесна попреченост” треба да се додаде “потполно слепо лице” неспособно за работа.
Второ во членот 33 делот”може да обезбеди издржување по друга основа” треба да се избрише.Ова од основ дека потполно слепите лица се неспособни за работа со документ од надлежен орган, истите нема да можат да да остварат право на социјална пензија на 65 години бидејќи ќе немаат еден ден работен стаж и истите како социјални случаи живеат потполно сами.Треба да се смени бидејќи нивните браќа и сестри си имаат основано свои фамилии, нивните деца исто така за што претходно погоре пишувавме, па истите остануваат без никаква социјална сигурност.И кој е тој праведен систем кој го предлага МТСП кој ен води сметка за оваа категорија на граѓани?Дали вие ќе го зидржувате вашиот брат или сестра кој е неспособен во услови кога и вие немате средства за вашата фамилија?А досега државата ви налага ако имате приходи над 5000 денари по лице дека сте во можност да го издржувате слепото лице?Второ кога имате два слепи родители или браќа и сестри и за двата ли ќе плаќате издршка?Трето дали ако МТСП предлага минимална плата од 12000 денари нето, а од друга страна рачуна приходи поголеми од 5000 за овие лица??Апсурд.
Трето Во членот 44 вод елот за андоместок за попреченост каде се ограничува остварувањето на правото од 26 до 65 години предлагаме бришење на тој став.Бидејќи слепи лица има и пред 26 и има и слепи кои од болесто ослепуваат по 65 години.
Предлагаме бришење на член 47 и член 53 во целост.Персоналната асистенција за да ги извади овие лица од домот треба да им е обезбедена од државата.
Предлагаме во член 45 и член 50 додатоците да бидат земени во сегашна нето номинална вредност на пример 7100 и 4500, а не да номиналната вредност е земена на 7000 и 4400 заради тоа што со тоа се враќаме назад во однос на животните трошоци.И второ овие додатоци треба да бидат изразени во проценти и да го следат порастот на просечната плата, а не во нето нимонална вредност?Пример 30 проценти од просечната плата или друг процент?Но не во нето износ туку процентуален износ?
Меѓудругото реагираме и на кратењето на енергетскиот додаток за лицата приматели на ппп од 12 месеци во годината по 1000 денари на кратење на само 6 месеци во зимскиот период од октомври до март.Апсолутно ова наведено ќе удри по грбот на најсиромашните.
Во овој дел би потенцирале дека во нивиот предлог закон за социјална заштита се прави дискриминација помеѓу самите инвалиди па оние најтешките кои досега остваруваат туѓа нега и право на слепило или мобилност со новата предлог мерка не можат да ги остваруваат двете права.Замислете ќе имате инвалиди кои користат туѓа нега и други кои ќе користат додатоци за слепило или мобилност, но најтешките инвалиди ќе мораат да бираат едно од тие права не и двете.
Ако РМ декларативно е социјална држава, тогаш сметаме дека треба да преземе нешто во поглед на слепите лица како лица со најтежок вид и облик на инвалидност.Зар е малку што фамилиите се врзани како во затвор со слепите лица 24/7.Само за да биде прав затвор фали уште чувар пред вратата.
Преземете мерки.прифатете ги сугестиите од овие лица затоа што никој административец не знае подобро од самите слепи лица што ним им е потребно.
Иницирајте промени…
Со должна почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
СЕЛКОВСКИ ЖАРКО