Настап против Италија

Заврши настапот на македонската репрезентација на Шаховската олимпијада 2021 за лица со оштетен вид во Родос,Грција. Во последното коло се сретнавме со Канада и победивме со 2.5 : 1.5.

Македонија на крајот од настапот заврши на 11-тото место со 9 освоени бодови кое носи директен пласман на светското првенство што ќе се одржи следната година.

„Задоволен сум од настапот на нашата репрезентација. Со оглед на тоа против какви противници игравме, освоеното 11-то место и тоа како е добар успех за мала земја како нашата. Им честитам на нашите играчи, коишто  со овој успех обезбедија загарантиран настап на светското првенство догодина“. — изјави селекторот Недев.

„ЕСИ Радио им честита на освоеното 11-то место на нашите претставници. Бевме присутни виртуелно и го пренесувавме секој меч поединечно. За настапот, натпреварите и целиот турнир ќе има посебно издание во „Шах со Љубиша Андоновски“. — изјави Методи Атанасов од ЕСИ Радио.

 

Настап против Бугарија

 

Резултати од настапите на нашите претставници:

 

Македонија – Русија 0 : 4

Македонија – Израел 2.5 : 1.5

Македонија – Италија 1 : 3

Македонија – Хрватска 3.5 : 0.5

Македонија – Бугарија 1 : 3

Македонија – Литванија 2.5 : 1.5

Македонија – Романија 2 : 2

Македонија – Германија 1.5 : 2.5

Македонија – Канада 2.5 : 1.5

 

Настап против Русија