По покана на Општинската организација на Црвен крст Кочани ,Здружението на слепите лица Кочани во состав од повеќе членови присуствуваше на одбележувањето на Неделата на Црвен крст на Република Македонија ( 08-15 Мај ) на изложба на фотографии со активности од основањето на Општинската организација на Црвен крст Кочани до денес како и кратка презентација за Црвениот крст. Презентацијата и изложбата на фотографиите ја презентираа активисти на Црвениот крст, кои оставија позитивни впечатоци на членовите посители на изложбата. Настанот се одржа на 14.05.2018 година во Градската библиотека Искра во Кочани.
Секретар Гордана Велкова