На 7 Април 2016г. претседателот и стручниот соработник-секретар администратор  на Здружението на слепи лица Битола гостуваа во утринската програма на Битолската телевизија „ТВ МЕГА“-„ ДЕНИЦА “. Повод беше одбележувањето на 70 годишниот јубилеј од постоењето на Националниот сојуз на Слепите на РМ и на Здружението на слепи лица Битола.

Претседателот Владе Димитровски го раскажа патот на Здружението на слепи лица Битола од неговиот почеток до ден денес, односно патот на успешното постоење на ова Здружение цели 70 години, народски кажано, ништо не паѓа од небо без макотрпна работа и созревање. Раскажа и за растот на Здружението како и за досегашните отстварувања.
Стручниот соработни-секретар администратор М-р Лилјана Корлевска раскажа за актуелните барања и потреби на членовите на Здружението на слепи лица Битола, раскажа за неопходноста и блиската соработка и помош од институциите на системот како на локално така и на државно ниво, подршката од голем број на Јавни и приватни претпријатија во градот Битола, чија помош го подига капацитетот на здружението, за бенефициите кои секое слепо лице ги отстварува, мерките за самовработување и обуки на слепите лица кои се доста потребни особено за младите невработени лица, кажа дека до сега се направени големи напори и е направено многу во поглед на решавање на потребите на слепите лица, но секогаш  се можи повеќе, и потребите се менуваат во зависнот од времето и  генарациите.