Дел од активот на жените од Здружението на слепи и лица со оштетен вид- Скопје,во претпразнично расположение, по повот 8-ми Септември, денот на независноста на Македонија го посетија етно комплексот “Македонско село“.Новата туристичка атракција, лоцирана во близина на манастирот “Св Пантелејмон“ под падините на Водно, не водушеви.Сите, ние кој ја знаеме и ја цениме Македонската архитектура ,но поради новите стилови на градба малку сме ја подзабравиле, за кратко време и на едно место,можевме да се потсетиме и да уживаме во Македонската традиција архитектура и култура.
Секоја од 16 те-,изградени куки од покрупни камења,евоцират спомени од детството или спомен од некој стар македонски филм.Со носталгија си прерскажувавме ,мегусебе за вредните раце на Македонската жена, која знаела да исткаеи да исплети, такви ткаенини кој ги краселе чардаците на куќите ,за занаетчиските раце на нашите претци кој и без денешнава технка знаеле да направат преубави сувенири кој ги разубавувале нивните домови,и алатки кој им слушеле во секојдневието.Врнежливото време не можеше да ја спречи закажаната посета на ова преубаво место,но ја спречи можноста да проследиме презентација на некој стари занаети и обичаи,што во комплекот се прикажуваат,автентично на секоја ,“Кумановска“, “Битолска“, “Охридска“ и другите куќи дел од комплексот.Секако, местото вреди да се посети многупатии за да, сите убавини постепено се доживуваат. Здружението остава можност за ваков вид на дружење, и за членови кој сакат да запознават нови места и убавини во нашиот град и пошироко.