Физиотерапијата како метод на терапија во време на светска пандемија со Ковид 19

Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија во периодот од 23.10.2020 година до 25.10.2020 година одржа тренинг камп за лица со оштетен вид во Република Северна Македонија на тема Физиотерапијата како метод на терапија во време на светска пандемија со Ковид 19.Самостојни вежби за релаксација и раздвижување во домашни услови за време на карантини.

Темата на овој семинар-камп беше избрана како дел од предизвиците во секојдневието со кој се соочуваме и новата реалност која ја живееме.Мораме да напоменеме дека и покрај тоа што на лицата со оштетен вид им е дозволено и движење како терапевтска активност за време на полициски час, но стотици лица со оштетен вид живеат сами и едноставно нивните асистенти или придружници не можеа да стигнат до нив од причини на немање на јавен превоз, немање дозвола за движење, за нивни пријатели, роднини итн…

Настанот се одржа со низа на предавања и практични вежби на медицинско лице дипломиран физиотерапевт и магистер на науки Весна Софронијевска која воедно е и првото слепо лица во РСМ со диплома од оваа област.

Сите активности на НССРСМ се одржуваат со запазување на сите мерки и протоколи за заштита и спречување на ширење на Корона Вирусот кои донесени од Владата на РСМ на предлог на Комисијата за заразни болести, согласно тоа што на слепите лица им е отежнат пристапот до здравствени услуги е држи и поголема дистанца од пропишаното, поголема заштита итн…

Првиот ден од тренинг кампот се одржа теоретско предавање за нутритивни вредности, за малнутриција, за витамини, и за Ковид 19 и ослабнат имунолиши систем односно одговор на организмот.Согласно сите протоколи на лицата со оштетен вид кои беа присутни на тренинг кампот во голем дел од нив физиотерапевти, им се мереше телесна температура, се дезинфицираа рацете и им беа поделени маски за еднократна употреба.Вториот дел од тренинг кампот лицата има аорганизирана прошетка низ градот Гевгелија како и во селото на Негорци, но и пракичен дел од 1 час вежбање со инструктор вежби за раздвижуавње и релаксација во домашни услови но и како да проверите дали сте здрави во однос на капацитет на бели дробови итн, техники…притоа почитувајќи ги сите протоколи, со мерење на телесна температура, дезинфекција на раце но овој пат заштитни маски само на почеток со оглед на тоа што станува збор за индивидуална  физичка активност на отворено на дистанца.

Сите три дена од тренинг кампот за нашите слушатели беше дозволено користење на бањите во Негорци односно топлата од 40,5 и ладната од 37,5 степени во одредени термини во консултација и дозирано време согласно препораките на присутниот доктор.

Вакво бањско климатско лекување и рекреација е од значителна важност првенствено за социјализација на лицата со оштетен вид но и за адаптација кон непосредната физичка околина ако знаеме дека поголемиот дел од нив се заробени во свое карантинско секојдневие постојано бидејќи и живеат сами и немаат со кого да излезат надвор.

[Best_Wordpress_Gallery id=”397″ gal_title=”nssrm28″]