Како секоја година така и оваа членовите на Здружението на слепи лица на град Неготино на ден 23.07.2016г.(сабота) беа на еднодневна Екскурзија  до Манастирот ,,Зрзе,,и градот Прилеп.

Прошетката беше успешно реализирана беа присутни околу 40 членови на Здружението на слепи лица на град Неготино.

Оваа еднодневна екскурзија беше организирана од страна на  Градоначалникот на Општина Неготино на кое беше обезбедено превоз,  храна и вода.

Членовите беа воодушевени  и  задоволни од прошетката, а воедно и се заблагодарија  до Градоначалникот на Општина Неготино за успешната соработката со Здружението на слепи лица на град Неготино.

[Best_Wordpress_Gallery id=”111″ gal_title=”Negotino4″]