„Здружението на слепи и лица со оштетен вид на Скопје“ во соработка со „Полио плус“ на 24.07.2021 одржа средба со фокус група од неколку жени членки на Здружението, кои ги искажаа своите мислења на темата Семејно и родово базирано насилство. Имено, ги истакнаа предизвиците со кои што можат да се соочат жените и девојките со сензорна опреленост и оттаму произлегоа неколку заклучоци, со акцент на тоа дека е потребна поголема информираност за тоа како и каде можат да добијат помош и совети за превенирање и спречување на семејно и родово базирано насилство.
Елена Ѓурчиноска