Од име на Здружението, и од свое лично име претседателот на Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје, Александар Галевски им го честита празникот Рамазан Бајрам на членовите од Здружението со муслиманска вероисповед.Рамазан Бајрам,кој се слави три дена, е еден од најголемите муслимански празници,рече Г-дин Галевски пред членовите кој беа собрани во Здружението и на кој им беа доделени одредени пакувања, колачи, торти и ролати.Како што наметнува традицијата на ваков начин, сакаме да Ви го честитаме празникот Вам,и на останатите.Рамазан Бајрам е празник на кој се слави духовното и телесното прочистување,празникот започнува со Рамазан Бајрамска молитва,па еве и јас честитајки Ви го празникот, Ви посакувам многу среќа,здравје и долг живот.Рамазан Бајрам има 4 димензии,духовната,моралната,солидарната и здравствената,и е еден од петте столба на исламот,ние ја почитуваме верата и ја практикуваме солидарноста, веруваме дека секој од нас во себе носи добрина, милост и љубов.Тоа го посакувам за сите членови од Здружението, добра мисла ,меѓусебно разбирање, и почитување,без разлика на различностите кој треба да ги цениме, а не игнорираме и презираме.Живееме во мултиетничо општество и сосема природно е во Скопје, во нашето
Здружение составот на членовите да биде таков.Надминуваме проблеми, учиме како да бидеме толерантни,почитувајки ги сите членови подеднакво и распоредувајќи ѓи во активности според нивните потенцијали и желба за лична реализација,рече претседателот.
Секретар,
Коцева Алтана