Портрет од Фјодор М. Достоевски, 1821-1881

Како што веќе напишавме, НССРСМ отпочна со Дигитализација на својата аналогна база со аудио книги. Овој проект на лицата со оштетен вид ќе им донесе десетици аудио книги, до кои тие досега немале пристап бидејќи тие книги биле „заробени“ на магнетофонски ленти. Прва од тие книги што во претстојниот период ќе ги споделуваме на веб-страницата на НССРСМ е епохалното книжевно дело „Злосторство и казна“ од големиот руски автор Фјодор Михајлович Достоевски. Ова дело е издадено за прв пат во 1866-тата година и обработува бројни суштествени теми: за човекот, за општеството, за парите и за животот. Ја избираме токму оваа книга затоа што месецов светот одбележува точно 200 години од раѓањето на авторот на ова фантастично книжевно дело, па така, НССРСМ сака да учествува со мал придонес кон одбележувањето на овој голем јубилеј.
Интерпретатор на оваа аудио книга е фантастичниот спикер Никола Мумировски уште во далечната 1979-та година. Уживајте!