Иако месец Август е месец на годишни одмори активностите на Здружението на слепи лица од Кочани не застанаа. Со донесената одлука на Извршниот обор на здружението се одлучи традицијата да продолжи, овој пат со еднодневен излет на членовите до Дојранското Езеро. После контактите со надлежните на локалната самоуправа на град Кочани, градоначалникот помогна во обезбедувањето на автобус за превоз на членовите до Дојранското Езеро.
На 21.08.2016 година во раните утрински часови со автобусот на локалната самоуправа на Кочани со 30 членови од здружението заминавме во прекрасно расположение, се упативме до убавиот Дојран. Пријатното време беше наш придружник, кое ни овозможи весела атмосвера, другарување, сончање и капење во топлите води на езерото до крајот на денот. Во вечерните часови се вративме дома, побогати со нови доживувања, кое значи многу во нашето секојдневие. Активноста беше потпомогната со донирање на финансиски сретства од нашиот сограѓанин Душан Коцев, кој несебично ја покажа својата хуманост и разбирање кон слепите лица кои изразија голема благодарност.