Здружението на слепите лица од Кочани на 13.08.2017 година во Дојран по трет пат ја организираше рекреативната средба „Излет покрај езеро“, на која учествуваа повеќе членови. Благодарение на соработката со советот на град Кочани, беше обезбеден и организиран автобуски превоз за членовите до Дојранското езеро. Убавото сончево и тивко време беше искористено за капење, сончање и за прошетка покрај езерската шир.

Ваквите дружења ги зацврстуваат пријателствата, поттикнуваат размена на мислења и искуства, а даваат поттик и за нови идеи и активности. Голема благодарност до заштитното друштво за мебел ЈУМИС од Кочани, подржувач кој помогна во остварување  на оваа активност.